среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Шарените револуционери со задоцнета памет се свестат дека учествувале во нешто ужасно

Како пример тој ја дава академик Катица Ќулавкова,  која на нејзиниот Фејсбук пишува во одбрана на македонскиот јазик и името на Република Македонија.
Ефтов: Шарените револуционери со задоцнета памет се свестат дека учествувале во нешто ужасно

Во периодот кој следи, првоборци на Шарената Револуција со грижа на совест и задоцнета памет ќе почнат да ни пишуваат Фејсбук статуси каде ќе се оградуваат дека имаат учествувано во една ужасна работа, која го променила името и идентитетот на Република Македонија, вели Васко Ефтов во вчерашното издание на неговата емисија „Во центар“.

Според Ефтов, овој период  и периодот кој следи,  луѓе  кои се сега првоборци или биле првоборци на Шарената Револуција и кои сега едвај чекаат да се смени името на Република Македонија, откако тоа ќе се направи со грижа на совест ќе почнат да се оградуваат од тоа што е направено.

Како пример тој ја дава академик Катица Ќулавкова,  која на нејзиниот Фејсбук пишува во одбрана на македонскиот јазик и името на Република Македонија.

– Толку се релативизира идентитетот на Македонците од самите Македонци што се создава неверојатен медиумски амбиент кој сугерира дека со нетрпение се очекува промената на името на државата Република Македонија во пакет со промена на името на македонскиот јазик и на македонскиот народ и згора на тоа промена на составот и личната карта, стои во статусот на академик Ќулавкова.

Тој додава дека ќе имаме мноштво на луѓе кои ќе ги менуваат своите бои, кои дополнително ќе се сетат дека учествувале во нешто нечесно и ќе сакаат да си ја исперат својата совест пред тестот на историјата.