вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата води пред СДСМ и на целокупната популација, а не само кај Македонците

Ефтов: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата води пред СДСМ и на целокупната популација, а не само кај Македонците

Новинарот Васко Ефтов, во својата најнова емисија „Во Центар“ ги обелодени резултатите од последните анкети, направени во јануари годинава.

На тие анкети, вели Ефтов, се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

-На пример, кога се мери излезноста на сите гласачи и кога се мери заедно на Македонци,  Албанци, Роми и Турци тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 18,2%, СДСМ има 17,5%. Тоа значи некаде 0,7-0,8 отсто предност и водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има најнизок резултат во ноември минатата година, тоа е ситуацијата во која 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени или се одметнуваат од партијата. Најнискиот резултат на СДСМ е во август месец минатата година и изнесува 12,9 %, но тоа се должи можеби и на годишните одмори, истакна Ефтов.

Ако се земат предвид само гласовите на Македонците, според овие анкети, ВМРО-ДПМНЕ ужива убедливо најголема поддршка.

-Кога би се мерел рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само кај Македонците или кај вкупниот број на Македонци, тогаш разликата е огромна во корист на ВМРО-ДПМНЕ. 28% од вкупниот број на Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 18% би гласале за СДСМ. Тоа е разлика од 10%. Но, ако се мерат само луѓето кои ќе излезат да гласаат на предвремени парламентарни избори или на претседателски избори, тогаш разликата се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, вкупниот број на гласачи, без разлика на етничката припадност кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ е 34,9%, а вкупниот број на гласачи кои би гласале за СДСМ е 33,7% или разлика од некаде 1,2%. Ако се мери довербата само кај Македонците, тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55%, а за СДСМ 35%, рече новинарот.