понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Вести

Ефтов ексклузивно открива: Никола Димитров и Никола Попоски спремаат нова партија со работен наслов Конзервативна партија

Ефтов ексклузивно открива: Никола Димитров и Никола Попоски спремаат нова партија со работен наслов Конзервативна партија

Никола Димитров и Никола Попоски. Зошто овие две имиња не се споменуваат многу покатегорично во трката за претседател на Република Македонија или во внатрепартиски премрежја во рамки на ВМРО-ДПМНЕ?

На ова прашање одговара новинарот Васко Ефтов во својата најнова емисија „Во центар“.

-Бидејќи и едниот и другиот во моментов се потенцијални кандидати да застанат на чело на една партија која би можела да биде формирана со некаков работен наслов или работно име Конзервативна партија. Никола Попоски не гласаше ниту во првиот круг на уставни измени, ниту во вториот круг. Многумина сметаа дека човекот не сакал да гласа, но има одредени анализи дека му било речено да не гласа, дека му било речено да биде заштитен бидејќи ќе можат да поминат и без неговото гласање. Дали тој или Никола Димитров, еден од нив двајца се потенцијални кандидати да застанат на чело на тој работен проект Конзервативна партија, откри Ефтов.

Ако ВМРО-ДПМНЕ не може да биде скршена од внатре, рече новинарот, тогаш ќе биде направена една нова политичка структура, десноориентирана и на нејзино чело можат да застанат Поповски или Димитров.

-Дали тоа ќе се оствари, ќе видиме, се ќе зависи од резултатот на претседателските избори или првиот круг на тие претседателски избори, порача Ефтов.