среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 161
home Вести

Ефтимов: За жал парламентарното мнозинство ја продолжува лошата пракса со кршење на Уставот

Ефтимов: За жал парламентарното мнозинство ја продолжува лошата пракса со кршење на Уставот

Пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денес се обрати на собраниската седница. При своето излагање посочи дека функцијата која што денес сите ја обавуваат овде во законодавниот дом, која што треба да биде лулка на демократијата во секое демократско општество е за жал девалвирана.

-Затоа денес како предлог кој што е предложен за Претседател на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери нема да го поддржиме како коалиција, нагласи Ефтимов.

Ефтимов додаде дека за жал се продолжува лошата пракса, односно праксата која што парламентарно мнозинство ја тераше. Ова парламентарно мнозинство продолжува упорно и без срам да го крши Уставот на Република Македонија.

-Коалицирањето на власта, оваа коалиција е создадена со цел да се затскријат сите криминали кои што претходно ги имаат сторено. Односно да го озаконат незаконското. Со тоа да се избегне одговорноста во иднина, рече Ефтимов.

Најнови вести

Коронавирус