недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ефтимов: Во Струмица кризата во државата и Кризниот штаб на општината се користат за политички популизам и партиска промоција

Ефтимов: Во Струмица кризата во државата и Кризниот штаб на општината се користат за политички популизам и партиска промоција

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ преку видео порака потенцира дека во Струмица кризата во државата и Кризниот штаб на општината се користат за политички популизам и партиска промоција.

-ВМРО- ДПМНЕ водена од
Претседателот Христијан Мицкоски преку интензивни контакти со нашите пријатели дејствува конструктивно на меѓународен план и прави напори да обезбеди помош.
Словенија веќе даде и конкретен одговор како пример.
За жал, во Струмица кризата во државата и Кризниот штаб на општината се користат за политички популизам и партиска промоција.
Како волонтери преку кризен штаб се пријавуват политичари на СДСМ и малолетни лица од семејства на политичари.
Реагираше општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ дека: се создава сомнеж за фаворизирање и страв дека само партиски подобните може да очекуват помош во овие тешки моменти.
Ако се земе предвид висината на капиталот кој семејството на Заеви го поседува во регионот очигледно е дека сумата за која велат дека ја донирале – не е за пример.
Односно со оглед на улогата на Заев во кризата, може да ги демотивира останатите стопанственици.
На социјалните мрежи се појавија видеа каде граѓани се собират во улицата на поранешниот премиер Зоран Заев.
Ова покажа дека во државата што ,,блескаше” голем број од граѓаните веќе чуствуват недостиг од основни сретства за живот.
Од друга страна јасно покажува дека донесените мерки преку уредби не ги заштитуват граѓаните, не им помагат.
Особено затоа што во услови на карантин и забрана за собирање се принудени во групи да барат помош за да ги преживеат овие тешки денови.
Почитувани,
Видео обраќањето го правиме во домашни услови почитувајќи ги препораките и мерките.
#Зашто секој живот вреди !, потенцира тој преку видео порака.

Почитувани сограѓани, ВМРО- ДПМНЕ водена од Претседателот Христијан Мицкоски преку интензивни контакти со нашите…

Gepostet von Dajanco Eftimov am Sonntag, 5. April 2020

 

Коронавирус