недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: ЈП Исар кое секој месец ги товари граѓаните со високи сметки е еден од најголемите должници

Ефтимов: ЈП Исар кое секој месец ги товари граѓаните со високи сметки е еден од најголемите должници

Популизмот, СДС го краси со цвеќиња, но го гнаси со огромни долгови кон приватни компании. Кога ќе ја плаќате наредната сметка, за услугите кои ЈП Исар ви ги дало за месецот кој изминал, или кога ќе добиете опомена за неплатена сметка, земете го во предвид следново… ЈП Исар, за потрошената електрична енергија, на компанија која ги снабдувала во изминатиов период, должи 20 милиони денари, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека истото јавно претпријатие, уште во минат мандат на СДС, се има задолжено во ЕБОР, со кредит во износ од 60 милиони денари и само во периодот кога тие се на власт, тој кредит не се плаќа.

– Значи, јавното претпријатие кое секој месец ги товари граѓаните со високи сметки и ниско ниво на услуги, е еден од најголемите должници во градот. Но, истото претпријатие не пропуштило минатата година да потроши околу 6.000.000 денари за цвеќиња и садници. Така, сака да ги сокрие огромните долгови и работата во загуби, или да ја замајува јавноста со провиден популизам, за сметка на цинично трошење на народните пари, додаде Ефтимов.

Коронавирус