четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Вести

Ефтимов: Дворските игри на СДСМ околу свикување на Собранието отворија повеќе прашања

Ефтимов: Дворските игри на СДСМ околу свикување на Собранието отворија повеќе прашања

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека дворските игри на СДСМ околу свикување на Собранието отворија повеќе прашања.

-,,СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА” и СДСМ.
Дворските игри на СДСМ околу свикување на Собранието отворија повеќе прашања.
Но, причините за ова панично однесување веќе секому се јасни.
Вонредна состојба од триесет дена со одлука на Претседателот Пендаровски е продолжена на дополнителни триесет денови.
Моќната влада во овие денови носи уредби со законска сила со очекување дека подоцна се ќе се покрие со одлуки на Собранието.
Моќната влада очигледно не е сигурна сама во себе и уредбите со законска сила која што ги донесе.
И, како би била сигурна кога повеќе од уредбите не се однесуваат на вонредната состојба Повеќе од половина не се однесуваат на вонредната состојба да потсетиме – надоместоците за вработените во СЈО.
Имено, Моќната влада има добиено овластување само за уредби поврзани со темата од вонредната состојба.
Испаѓа дека сиот хаос од неработењето на СДСМ сега треба да се покрие со еден потпис од инокосен орган – Претседателот на државата.
На овој начин се отворија сите дворски игри во владеачката партија пред претстојните избори.
Моќната влада свесна за неработењето сака да си ги потврди и осигура своите одлуки. Сега прави обид тоа да го направи преку повторна постапка и потврдување со свикување на веќе самораспуштеното Собрание.
По иницијатива на пратеници на СДСМ, преку клаузула (член 67 ст. 2 од деловникот на Собранието) што предвидува одреден број на пратеници најмалку 20, а во конкретниот случај потпишани се 35 пратеници од составот на Собранието кое патем се самораспушти.
Исто така оваа барање се повикува на чл. 125 од уставот на Р. Македонија за прогласување и потврдување на вонредна состојба.
Меѓутоа прашањето е како досега Собранието неможеше да се состане па Претседателот ја прогласи вонредната состојба.
Како наеднаш се смени статусот на самораспуштените пратеници да станат пак оперативни, а досега тоа неможеше?
Или зад сето тоа се крие дворска игра под превезот на ,,колективна одговорност” да се затскријат криминалните дејствија кои инаку секојдневно се поврзуваат со функционерите на моќната влада.
Замислата Претседателот да ја покрие одговорноста за неработењето и проблемите направени од владеачката партија е несигурна.
Постои ли очигледно страв дека нов состав на Собранието нема да ги потврди одлуките и да создаде последици за оние кои ја злоупоребиле вонредната состојба.
Односно, постои сознание кај СДСМ дека изборите ќе бидат фатални.
Ќе победи ВМРО- ДПМНЕ и условите ќе станат неизвесни. Водени од народната ,,Страв лозје чува” брзат преку гласање во Собранието да си создадат алиби за редица свои функционери и злоупотреби, стои во неговиот статус на Фејсбук.

,,СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА" и СДСМ.Дворските игри на СДСМ околу свикување на Собранието отворија повеќе прашања. Но,…

Gepostet von Dajanco Eftimov am Freitag, 24. April 2020

 

ЕУРО 2020

Македонија