среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 187
home Вести

Ефтимов: Додека градот е огромна депонија, ЈП Исар троши луксузно на сладолед

Ефтимов: Додека градот е огромна депонија, ЈП Исар троши луксузно на сладолед

Трошиме за сладолед, а немаме за основни потреби на граѓаните. Ова очигледно е новата парола на Ј.П. Исар, кој секоја година набавува луксузни работи од парите кои ги собира од граѓаните. Спротивно на ова Ј.П. Исар не ги сервисира основните проблеми на граѓаните, градот стана една огромна депонија, отпадот и нечистите улици се работи со кои секојдневно се соочуваме, истакна денеска за медиумите, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

Неуредени паркови и запоставени детски игралишта е сликата која што асоцира на овој град. Необезбедување на вода во домаќинствата во период на КОВИД пандемија е состојба на која што веќе се навикнавме, посочи тој.

Набројаното е само доказ дека Ј.П. Истар не работи во името на граѓаните. Услугите за кои што им се плаќа и кои што се дел од нивната основна дејност непрофесионално се извршуваат, додека претпријатето се луксузира од тешко заработените пари на просечниот граѓанин, вели Ефтимов.

Коронавирус