четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Ефтимов: Дали, поради блиските релации на Градоначалникот со сопствениците на Баргала, за нив не важат закани со високи платни налози?

Ефтимов: Дали, поради блиските релации на Градоначалникот со сопствениците на Баргала, за нив не важат закани со високи платни налози?

Па ваква негативна селекција нема ни во најголемите авторитарни режими! Деновиве општината спроведува голема акција за дислокација на хаварисани возила, гаражи, шупи, голубарници и слично. Истата, се заканува со вкупна наплата од 250 евра, за оние граѓани кои нема да реагираат соодветно на доставените опомени. Меѓутоа, она што јавноста треба да го знае е дека во близина на фабриката за чевли Баргала има неколку возила кои подолг период се вон употреба, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

– Аналогно на наведената акција за отстранување на возилата и објектите на обичните граѓани, се поставува прашање, дали Градоначалникот ќе го направи истото и за возилата пред Баргала? Дали и сопствениците на овие возила ќе бидат казенти по Законот за јавна чистота? Дали Градоначалникот ја потсети и Баргала дека е забрането поставување подвижни и неподвижни предмети на јавна поввршина? Дали, поради блиските релации на Градоначалникот со сопствениците на Баргала, за нив не важат овие закани со високи платни налози, за дислокација на хаварисаните возила, прашува тој.

Најнови вести

Коронавирус