понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Ефтимов: Дали Бочварски, каде и да оди, со него си ги носи матните зделки и задкулисни игри?

Ефтимов: Дали Бочварски, каде и да оди, со него си ги носи матните зделки и задкулисни игри?

„Да не беше трагично, ќе беше комично. Три години се изнагледавме слики и се изнаслушавме лажни ветувања од поранешниот Градоначалник Бочварски. Денес, повторно без срам и на вообичаениот термин пред изборен циклус, ги манипулира штипјани и им ветува проект за кој е неизвесно дали ќе се реализира. За на штипската јавност да и стане појасно, го повикуваме неуспешниот градоначалник во министерска фотелја да објасни:

Како распиша тендер за изградба на брана на Отиња, кога се уште нема експропријација на земјиштето?

Зошто не Општина Штип, туку Министерство за транспорт и врски е носител на набавката за изградба на браната? Што се случи со средствата за браната кои требаше да легнат на сметката на Општина Штип?

Дали Бочварски, каде и да оди, со него си ги носи матните зделки и задкулисни игри?

Играта на фамилијата Бочварски е позната на постарите. Очигледно дојде време и помладите да видат како работи оваа фамилија со непопуларно име во градежниот сектор.“, стои во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип

На прес конференцијатас се обрати Игор Ефтимов.

Коронавирус