четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Ефтимов: Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор во Штип не престанува

Ефтимов: Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор во Штип не престанува

Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор, не престанува, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Пример за такво однесување и непотизам во редовите на СДС е неодамнешната промена во статусот на претседателката на Советот на Општина Штип. Непотизмот во таа фамилија е до степен, таа од функција на претседателка во Совет на Општина Штип да си го вработи сопругот во претпријатие основано токму од таа општина. Но, претседателката, очигледно не беше задоволна со добиеното. Па затоа, од неодамна е Раководителка во една од најдобро платените институции во државата – Централен регистар. Значи, во моментов претседателката на Советот зема приходи од најмалку 3 места, вели Ефтимов.

Тој додава дека ова е само најнов пример за тоа како се однесуваат властите. Очигледно е дека независно дали има или нема избори, за високите функционери на власта има и работни места, но за обичните граѓани не можат да се набават ниту боци за кислород.

-Се прашуваме, што ќе каже на ова, Државната комисија за спречување на корупцијата, граѓаните кои останаа без работни места и компаниите кои ставаат клуч поради пандемијата, потенцира Ефтимов.

Коронавирус