четврток, 4. март 2021. Вести денес: 12
home Вести

ЕЕЗ: Пендаровски не чита и нема став, ЧЕКА АБЕР ОД СТРАНСТВО – анализира „Вечер“

ЕЕЗ: Пендаровски не чита и нема став, ЧЕКА АБЕР ОД СТРАНСТВО – анализира „Вечер“

Се предомисли ли македонскиот претседател Стево Пендаровски откако во декември цврсто изјави дека Македонија не е заинтересирана за Европската економска зона, тој и владата понудата за членство во неа ја одбиле, затоа што – за Македонија “не се приоритет  еконимијата, тендерите…“, анализира ВЕЧЕР.

Портралот Вечер, на 8 декември 2020 во поширока анализа ваквиот став на Пенрадовски го оцени како фатална грешка за Македонија, со напомена дека од членство во ЕУ нема ништо барем за 10-15 години, и даде детали за ЕЕЗ кои се од полза за Македонија. Но Пендаровски остана на својот став.

Требаше да поминат месец дена и после две објави во германските медиуми каде децидно го пишува истото што порталот Вечер го опишуваше на 8 декември за Пендаровски – да го смени ставот!

Македонската власт, заедно со Пендарвиски, нема свој став! Особено не темелен на факти и анализа, туку чека абери од странство за да донесе одлуки. Еве што денес кажа тој:

“Европската економска зона е прифатлива само доколку биде дополнение и меѓузона кон нашето полноправно членство во Европската Унија, порача претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во интервју за МИА. Шефот на државата дава коментар на написот кој излезе во германски ФАЦ, а според кој реалните шанси земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум, а старо-новата алтернатива која се нуди е членство во Европската економска зона.

– Значи ставот е – не ми го ускратувајте членството во ЕУ еден ден како перспектива, кога ќе заслужиме, кога ќе испреговараме. Денес да влеземе во Европската економска зона, но не или-или, туку и-и, вели Пендаровски за МИА.

Што пишуваше порталот Вечер за оваа тема, на 8 декември 2020-та, далеку пред ФАЦ и Дојче Веле.

Претседателот Стево Пендаровски обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска зона, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ.

„Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме неформална понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, веднаш ја одбивме оваа понуда затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок“, рече Пендаровски.

Претседателот не даде никакво објаснување за ова фундаментално, историски важно прашање за Македонија: кој понудил членство во Европската економска зона, под кои услови е понудата, и кој во Македонија решавал таа понуда да се одбие, бидејќи се работи за понуда која има исклучитено позитивно влијание врз Македонија, и не е можно да се прифати или отфрли со одлука на еден човек.

Отфрлена е покана за членство во ЕЕЗ без никаква јавна расправа, со одлука на мал круг луѓе, а темата допира судбини на секој граѓанин во државата, особено во областа на економијата, вработувањето, социјалата.

Порталот Вечер.мк анализира: Дали е направена фатална, историска грешка со одбивањето на понудата за членство во Европаската економска зона (ЕЕЗ) која ќе остави тешки економски, социјални и политички последици во Македонија најмалку десет наредни години, што е оптимален минимум за евентиален влез на Македонија во Европската унија.

Дали влезот во ЕЕЗ е алтерантива за ЕУ, и дали членството во ЕЕЗ ги запира преговорите за членство во ЕУ?

Не, во никој случај не е така и не постои ниту еден доказ, или пракса дека членството во ЕЕЗ е утешна награда за членство во ЕУ. Напротив, члентвото во ЕЕЗ подразбира прифаќање европски правила и прописи од областа на трговијата, економијата, трговското право… кои се обврзувачки за време на преговорите и евентуалното подоцнежно членство во ЕУ.

Накусо, за време на евентуалните преговори за ЕУ Македонија во пракса би се адаптирала и подготвила за оваа фаза од преговорите за членство во ЕУ а, во меѓувреме, низ ЕЕЗ значително би се зајакнала економски и социјално што, дополнително, би и ги подобрило шансите за влез во ЕУ и би ги скратило преговорите.

Влезот во ЕЕЗ е влез во евроспка институција, и тоа многу битна, со самото тоа се намалува и значењето на бугарската блокада за Македонија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Вака, по објавата на Пендаровски, бугарската блокада добива на клучно значање да се биде или не за Македонија во ЕУ, и ја присилува Македонија на преговори со Софија по секоја цена. Дали ова одбивање на ЕЕЗ е намерно смислено за на Бугарија да и се даде клучно значење за нашата европска иднина во секој поглед, или е случајна грешка?!

Целата анализа, прочитајте ја на ВЕЧЕР

Коронавирус