Едномесечни близначиња се најмладите пациенти заразени од коронавирус во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, изјави директорот на клиниката Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.
loading...