вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 94
home Вести

Едно општество за сите заврши во едно општество за никаде

Едно општество за сите заврши во едно општество за никаде

Премиерот Зоран Заев ветуваше развој на концептот за едно општество за сите и речиси на секој митинг во предизборната кампања велеше дека државата треба да изгради граѓанско општество, со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност и суштина на нашето заедништво. Но, релната ситуација во Македонија е сосема поинаква.

Расте бројот на говор на омраза на социјалните мрежи по основ на етничка припадност, политичка ориентација и социјално потекло.

Хелсиншкиот комитет во својот извештај за периодот од март 2019 до септември 2019 година регистрирл вкупно 379 пријави поврзани со говор на омраза, од кои 130 пријави за говор на омраза врз основ на етничка припадност.

За споредба, во 2020 година за истиот временски период, регистрирани се 662 пријави, од кои 353 кои се однесуваат на говор на омраза врз основ на етничка припадност, што воедно претставува зголемување за околу 280 проценти во споредба со лани.

Заев на јавната дискусија за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество истакна дека државата треба да изгради граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност и суштина на нашето заедништво.

„Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Од стратегијата ќе направиме жив инструмент за превенција од доминација на етноцентрична култура. Докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање на проблемите. Можеме да докажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество еднакво за сите“, кажа Заев.

Наспроти ваквите тврдења на премиерот од Хелсиншкиот комитет велат дека се неоходни итни мерки за справување со говорот на омраза. Државата не може да изнајде механизми за суштинско справување на овој проблем и строго да ги санкционира говорот и делата од омраза.

Поради тоа од Хелсиншкиот комитет нотираат дека е крајно време за суштинско справување со овој проблем, при што, покрај строгото санкционирање на говорот и делата од омраза, ќе се применат и други мерки од земјите кои имаат позитивни разрешници на ова поле.

Коронавирус