сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Едно лице почина, 14 тешко повредени во 15 сообраќајки вчера во Скопје

Едно лице почина, 14 тешко повредени во 15 сообраќајки вчера во Скопје

Едно лице го загуби животот, 14 други се со телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје.

Во шест од сообраќајките била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, како и тројца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за не користење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 20 возачи и 11 нерегистрирани возила. Шест возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници. Затекнати биле 47 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 43 возила.

Коронавирус