сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Едниот брат министер, другиот директор! Владеењето на семејството Бесими

Едниот брат министер, другиот директор! Владеењето на семејството Бесими

Едниот брат министер, другиот директор на државна болница. Експертите поделени во ставовите дека би можело да има судир на интереси во случајот на Фатмир Бесими министерот за финансии, со неговиот брат Флорин Бесими кој е прв човек на тетовската болница. Поранешниот член на антикорупциската комисија Ариф Муса за Алсат вели дека има голема можност за судир на интереси. Причината за тоа е што двајцата се на високи раководни функции. За конкретниот случај Муса вели дека би можело да се фаворизира болницата во Тетово од страна на министерот за добивање средства од државата каса. Екс-антикорупционерот смета дека ќе треба некој друг да одлучува, а не министерот кога тетовската болница ќе аплицира за пари од буџетот или за други државни поволности.

„Кога ќе треба да се носи таква одлука тогаш министерот треба да се повлече од одлучувањето. За таквите проекти би требало уште нешто да направи министерот. Значи, не треба воопшто да учествува во носење одлуката за финансирање на проекти за болницата во Тетово“, вели Муса.

Но, Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ вели дека нема никаква поврзаност помеѓу финансии и тетовската болница и судир на интереси тука нема.

Инаку, на стартот на мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ ја стресе скандал со непотизам. Во него беа вклучени блиски роднини на министри и високи функционери на власта кои добија вработување под државна капа. Дел од нив по притисокот на јавноста се откажаа од работните места, но добар дел и понатаму добиваат државна плата.

Коронавирус