сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Едни на механичка вентилација, други си одат дома: Каква е здравствената состојба на македонските граѓани заразени со коронавирус?

Едни на механичка вентилација, други си одат дома: Каква е здравствената состојба на македонските граѓани заразени со коронавирус?

Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава: четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип. Со тоа вкупниот број на дијагностицирани достигна 570. На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција соопшти дека на Инфективната клиника до утрово се примени десет нови пацинети и сега вкупно се хоспитализирани седумдесет, од кои осум се пациенти на механичка вентилација и десет се со потешка клиничка слика, а останатите се со среднотешка манифестација на болеста.

Од Клиниката денеска заминуваат четворица пациенти, нивните два контролни теста на коронавирус се негативни. Од Дебар се стигнати резултати и на три лица кај кои по два теста се негативни на вирусот и се оздравени, а биле на домашно лекување во коориднација со локалната болница.

Во ГОБ „8 Септември“, рече Филипче, вчера се примени четири пациенти и за денес се чекаат резултатите, а двајца во оваа болница се на респираторни машини.

Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои претходно беа хоспитализирани во болницата во Охрид, по вчерашниот договор Битола да биде регионален центар, и сите кои се лекуваа во Охрид, а кои сега се пренесуваат во Битола, се од околината на Струга.

Во Штип се хоспитализирани четворица пациенти од кои тројца во сосема лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

Досега 570-те дијагностицирани по градови се од Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и во Кочани. (МИА)

Коронавирус