среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 25
home Вести

Една година по НЕуспешниот Референдум- Македонија се уште чека пред портите на ЕУ и НАТО, Заев ноторно ја лаже јавноста

Една година по НЕуспешниот Референдум- Македонија се уште чека пред портите на ЕУ и НАТО, Заев ноторно ја лаже јавноста

Денеска се „навршува“ една година од безуспешниот референдум кој се одржа на 30 септември 2018 година за промена на името од Република Македонија во Република СЕВЕРНА Македонија.

Да, убаво прочитавте се „навршува“ бидејќи пред точно една година Македонија беше погребана и замина во историјата, а најзаслужен за нејзината смрт беше Преспанскиот Договор со Грција.

На референдумот од 1.806.336 граѓани во избирачкиот список гласаа 666.743 граѓани, или 36,91 процент од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список.

По овој катастрофален Референдум Државната изборна комисија прогласи дека референдумот е неуспешен бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Сепак Референдумот беше уште еден показател дека власта предводена од СДСМ не ја послуша волјата на народот, туку својата волја и пазарот кој го имаше договорено од претходно.

По неуспешниот референдум на СДСМ се повеќе растеше и нивниот револт и одмазда кон граѓаните кои јасно кажаа дека не сакаат промена на уставното име.

По референдумот започна да се одмотува и клопчето, па во јавноста се откри како се правело масовно полнење на кутиите.

„Рекордно полнење на кутии за референдумот- во Центар Жупа од 18:30 до 19 часот се „гласало“ на секои 5 секунди!“

ГО ИМАМЕ РЕКОРДОТ ВО ПОЛНЕЊЕ КУТИИ НА ГЛАСАЊЕ – КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА
Избирачко место во општина Центар Жупа, избирачко место 0563.
Од 18.30 до 19 часот “гласале” вкупно 331 гласачи или на секој “гласач” му биле доволни по 5,4 секунди за да “гласа”.
#ОЈО мора да го испита овој случај.

По референдумот Македонија започна да го менува своето уставно име, но не и да добие верификација на членството во НАТО и датум за почеток на преговори со Европската Унија.

На почетокот на 2019 година Македонија започна целосно да го применува новото име кое произлегува од Договорот со Преспа, па така новото име веднаш започна да се применува на секаде низ земјава.

Од промена на регистарските таблички на автомобилите, промена на сите лични документи на граѓаните, па се до промена на таблите на државните институции и сл.

Во јуни годинава Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија, а од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека истото нема да се случи се додека тој е премиер на Македонија.

Зоран Заев продолжува ноторно да ја лаже македонската јавност. Република Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со Европската Унија, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев. Заев повторно ги излажа граѓаните како што ги лажеше дека ќе го одбрани македонскиот Устав во преговорите за името, како што лажеше дека ќе си замине доколку не успее референдумот за промена на името, ова денеска преку соопштение до јаснота го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во месец јуни годинава.

Во Јули годинава владата на СДСМ на чие чело е Заев ја потресе скандалот од невидени размери именуван како случајот „Рекет“, а актуелниот случај веќе со месеци наназад е само јасен показател дека коруптивната влада на СДСМ и оваа есен ќе останат пред портите на ЕУ кои ќе бидат затворени во блиска иднина за нашата земја.

Професорката Гордана Силјановска Давкова во колумна пишува за ланскиот референдум, за промена на уставното име на државата пишува дека минатата година го слушнала најгласниот граѓански молк.

Силјановска, која беше претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, пишува дека минатата година на 30 септември го слушнала најгласниот македонски граѓански молк, со што пропадна референдумот, односно граѓаните кажаа дека не сакаат да се промени името на државата – Република Македонија.

На 30 септември 2018 година, ГО ЧУВ најгласниот македонски граѓански молк. Ќе го помнам навек како ден кога јасно и гласно го негиравме чинот на божемното барање одговор на веќе плебисцитарно позитивно одговореното прашање на 8 септември, 1991 година: „дали сте за самостојна и независна држава Македонија“.

БОЈКОТОТ беше логичен одговор на обидот на власта, во украдено или „позајмено“ НАТО-ЕУ руво од типот : „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, намерно нејасно и непрециозно правно формулирано, онакво какво што ниту едно референдумско прашање правно не смее да биде, да ја легитимира промената на името.

Сведоци сме на „најсрамното прашање во историјата на референдумите“, рече шпанскиот конституционалист, Карлос Флорес Хубериас за македонското референдумско прашање.

30 септември е ден на победата на граѓанската тишина над авторитарната и тоталитарна врева на скапо платениот оркестар, присобран ваму-таму, подготвен да свири по сечии ноти, под диригентската палка на ОНОЈ, кому не му е местото ниту горе, ниту напред, оти е врзан за сидрото, по сопствено признание, пишува Силјановска.

Мицкоски: Власта го приватизира процесот за добивање на датум за преговори со ЕУ

Власта го приватизира процесот на евроинтеграции на Република Македонија истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју во емисијата Детектор на телевизија Сител. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ работи во насока Македонија да добие датум за преговори.

За лидерот на опозицијата граѓаните на Република Македонија заслужуваат да добијат датум за преговори со Европската Унија бидејќи тие направиле многу во изминатите 28 години независност за тоа да се случи.

Јас не би го приватизирал процесот како што тоа го прави Зоран Заев или тие малкумина обожаватели кои што останаа околу него како што е министерот за надворешни работи кој што до таа мера го приватизира процесот за добивање на датум за отпочнување преговори што вели не не бива, коруптивни сме да заглавени сме во скандали, нема реформи, нема 500 евра просек плата, младите ни се селат, ни се празни државава, пензиите паѓаат, ништо не иде ама дајте ни датум зошто опозицијава е лоша и опозицијата практично се оние кои што се ретроградните. Се разбира дека ние како опозицијата работиме и не сме како нив. Работиме во насока да Македонија граѓаните, државата да добие датум за преговори бидејќи тоа е практично нешто кое овој народ оваа нација, граѓаните на Република Македонија го заслужија бидејќи навистина направија многу во изминативе 28 години независност за да дојдеме конечно да дојдеме до една таква дата за да можеме да ја гарантираме европската перспектива.

 

 

Коронавирус