сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Вести

ЕДНА ГОДИНА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: „Состојбата е под контрола“ на Филипче резултираше со над 100.00 заболени и 3.111 смртни случаи

ЕДНА ГОДИНА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: „Состојбата е под контрола“ на Филипче резултираше со над 100.00 заболени и 3.111 смртни случаи

Помина точно една година од првиот потврден случај на заболен од Ковид-19 во земјава, а пандемијата се уште не стивнува.

Првиот потврден случај беше жена од Скопје родена 1970 година која престојувала во Италија и во земјава допатувала преку граничниот премин Табановце на 26 февруари 2020 година, превезувајќи се во комбе во кое имало уште неколку лица. Веднаш беше сместена на интензивна нега во одделот за изолација на Инфективната клиника во Скопје по што властите почнаа со спроведување мерки меѓу кои беше и 14-дневна изолација на останатите патници во комбето. На почетокот не препорачуваа здравите луѓе да носат маски, а потоа препорачаа да се носат и ракавици и маски за заштита од коронавирусот.

Иако изјавите на здравствените власти велеа дека проценките се дека во земјава ќе се заболат 2.000 до 2.500 лица и дека ќе има само неколку починати, досега вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.

-Состојбата со корона вирусот е под контрола, а како превенција ја разгледуваме опцијата за ограничување на јавните собири во интерес на јавното здравје, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција одржана на 28.02.2020.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 582 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.972 тестирања, починати се 13 лица на возраст од 48 до 89 години сите во болнички услови, а регистрирани се 374 оздравени пациенти.

Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 671 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа само во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како основна средство за прекинување на пандемијата во светски рамки беше посочена имунизацијата против Ковид-19, која масовно прво почна да се применува во Велика Британија, а во земјите од регионот во Србија. Земјава очекуваше вакцини да добие преку ковакс системот, но тоа целосно потфрли. Имаше и најави за добивање вакцини од соседна Грција и Бугарија, но и тоа не се случи.

По многу одложувања заради проблеми со средување на неопходната документација и гарантирање на транспортот првите 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ пристигнаа во земјава како донација од Србија на граничниот премин Табановце на 14 февруари. Со нив започна вакцинацијата на медицинските лица кои работат во ковид центрите.

МИА

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а досега вакцина против Ковид-19 примија 1.677 здравствени работници. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавени 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино и Кавадарци. Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3 проценти, или просечно 14,7 отсто, што е на исто ниво како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39, 40-49, 50-59 и 20-29 години. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1 проценти помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8 отсто во однос на минатата недела. Од нив 65 биле над 60 години, а пет лица на возраст од 50-59 години.

Во моментов кога нема вакцини за македонските граѓани против КОВИД – 19, а рапидно се шири британскиот сој, а Филипче пред неколку дена кажа дека засега не се потребни нови рестриктивни мерки, состојбата е под контрола.

Македонија стана жариште на Балканот и пошироко во регионот, и сето тоа поради неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче, а тоа граѓаните плаќаат со своето здравје и животи.

Коронавирус