вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 94
home Вести

„Единствениот принцип по кој работат Заев и овој криминален картел на власт е принципот- евро за Вицето“

„Единствениот принцип по кој работат Заев и овој криминален картел на власт е принципот- евро за Вицето“

Заев и овој криминален картел на власт сигурно не се тие кои може да зборуваат за европски вредности, бидејќи единствен принцип по кој работат е принципот „евро за Вицето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие не се грижат за граѓаните, за нивните потреби, за реформи во Македонија, туку се грижат единствено за личното богатење, доделувањето на сомнителни тендери, грантови и јавни набавки на фирмите на нивните функционери. Камен на камен немаат ставено во државата. Да беа способни и имаа желба нешто да направат за граѓаните, тогаш нивото на реализација на капиталните инвестиции немаше да биде рекордно лошо од само 9,83% реализација за првите 4 месеци, стои во партиската реакција и се додава:

„Но затоа кога се работи за криминал, корупција и злоупотреби на службената должност оваа власт има реализација од 102,5%. Зоран Заев не може да се аболицира толку, колку што тој може да направи сомнителни криминогени бизниси. За тоа ќе мора да одговара и за тоа нема да има компромиси“.

Коронавирус