сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

„Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта“

„Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта“

Целата јавност слуша како лица од врвот на СДСМ блиски до Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени низ Македонија уценувајќи ги за огромни суми на пари. Дополнително на тоа СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата со што сериозно удрија врз грбот на компаниите и ги зголемија нивните трошоци, а тоа пак резултираше со покачување на цените и осиромашување на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта. Откако е СДСМ на власт Заеви ги шират бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, а ги имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, додека пак тендерите и грантовите ги добиваат фирмите на вицепремиерот Анѓушев и останатите функционери блиски до Заев. За тоа колку СДСМ се грижи за компаниите говори и фактот што бројот на бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година, а власта во изминативе две години има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции што значи помалку работа за компаниите, стои во партиската реакција и се додава:

„Неспособноста на власта ја потврдија и над 200 германски инвеститори кои дадоа нула оценка на работата на владата предводена од СДСМ во полето на економијата. Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Оваа криминална власт предводена од аболицираниот Зоран Заев работи само за лична корист врз грбот на стопанството и граѓаните. СДСМ мора да си заминат за стопанството и економијата да одат напред“.

Коронавирус