сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

ЕДИНСТВЕНА ВО РЕГИОНОТ: Македонија се гордее со жената возач на камион за собирање на смет (ВИДЕО)

ЕДИНСТВЕНА ВО РЕГИОНОТ: Македонија се гордее со жената возач на камион за собирање на смет (ВИДЕО)

Радовишанката Слаѓана Јакова (39) вработена како шофер во Јавното претпријатие „Плаваја“ во Радовиш речиси е единствената жена во регионот и пошироко која е возач на камион од ваков вид.

Сторијата која ја објави телевизија Сител ги воодушеви сите и ги собра симпатиите на корисниците на социјалните мрежи.

-Возам од 10, 11 години прво трактор, па кола, па дојде ред и со камион, кај нас фамилијарна работа е возењето маж, брат, сите возиме, вели таа.

Слаѓана додава дека никој не верувал кога се пријавила на огласот дека ќе може да го вози камионот за собирање на сметот во Радовиш.

Во целата сторија уживајте во продолжение:

Најнови вести

Коронавирус