недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

„Единствен виновник за неуспешниот референдум е Зоран Заев кој на сила сака да протне капитулантско дело“

„Единствен виновник за неуспешниот референдум е Зоран Заев кој на сила сака да протне капитулантско дело“

Единствен кој може да биде виновен за неуспешниот референдум е Зоран Заев. Иако ние велевме дека референдумот нема да биде успешен, знаете неколкумина од нив крстареа низ Македонија по тие празни или најчесто полупразни плоштади, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостувајќи на телевизија Алфа.

Тој укажа: „Откако видоа дека плоштадите се празни решија заедно со нив да вртат неколку автобуси колку да ги наполнат малку плоштадите за да се види дека има соочување со граѓани кои се гледаше дека неволно присуствуваат на еден таков вид претстава“.

-Се јакнеа велеа ќе успее, ние велевме лош е процесот, лоши ви се пораките, лажете, манипулирате, не е добро ова, трошите народни пари.  И на крајот видовме дека како ВМРО-ДПМНЕ сме биле во право, изјави Мицкоски.

Коронавирус