четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Единствен кој што се сретнал со Мијалков е Заев! Дали тој во ЈО дојде со црн службен владин пасат?

Единствен кој што се сретнал со Мијалков е Заев! Дали тој во ЈО дојде со црн службен владин пасат?

Единствен кој што се сретнал со Мијалков е Заев, додека договарале да прават вештачка криза во ВМРО. СДСМ молчи и дали Мијалков во ЈО дошол со владин службен црн пасат?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали Мијалков и дента пред да се предаде бил со Заев, каде е договорено да биде пуштен на слобода за 60 дена, а Апелација да му ја намали казната? СДСМ молчи за целиот театар на Мијалков кој е во режија на Заев. Режијата е толку бедна, што имаат куп пропусти. Мијалков стигнал во ЈО во 16 часот, а пред камери глумеше во 16.40 часот. Каде бил 40 минути и зошто наместо да оди во притвор, тој се шета наоколу и глуми изненаден?, реагираат од партијата и додаваат:

„До кога СДСМ ќе ја замајува јавноста. Сите ја видоа на дело коалицијата Заев – Мијалков. Сашо Мијалков е товар околу вратот на Заев, кој сам си го избра, и сега мора да одговара за него. Одговорност за сиот криминал ќе има“.

Коронавирус