сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Еден од докторите на Игор Спасов бил и неговиот баџанак

Еден од докторите на Игор Спасов бил и неговиот баџанак

Игор Спасов имал закажано операција кај неговиот баџанак, дознава Телма. Урологот од штипската болница Влатко Филипов бил докторот кај кој имал термин за интервенцијата поради која му е продолжено отсустовот од затвор на убиецот на Мартин Нешковски.

Телма контактираше со Филипов кој негира дека има било каква поврзаност со бегството.

Секој пациент има право да избере кај кој лекар сака да се лекува. Јас секако како лекар се би сторил за мојт баџанак, но од каде да знам дека тој би бегал. Знам дека сега вие тоа ќе го врзувате, но за мене сите пациенти се исти без разлика дали се затвореници или не. Последен пат го видов на последниот преглед, по тоа заминав на одмор, па поради тоа мислењето за тоа колку ќе трае постоперативниот период го дал мојот колега. По тоа Спасов не се појави на закажаниот термин на операција” – изјави урологот Влатко Филипов

Вчера Телма објави дека Спасов дозволата за операцијата ја добил од судот на 31-ви јули, а штипски уролог со вештачење тврдел дека по операцијата, поарнешниот специјалец и осуден за убиството на Нешковски, морал да лежи два месеци во домашни услови.

Урологот Венцо Шопов тврди дека среде лето му го донеле од суд, и тој бил само дежурен лекар. Судот му наредил на Спасов на 18-ти септември да им донесе медициснка документација дека ги спроведува медицинските зафати, но тој ова не го сторил. Трагот му се губи за тоа се дозна дури на 18-ти Октомври кога не се појави во Идризово.

Дури синоќа е распишана меѓународна потерница, додека денеска министерот Венко Филипче рече дека за сега не го истражуваат случајот за постапувањето на здравствените работници. .

Ѓорѓи Андонов, претседателот на штипскиот суд вчера не сакаше да коментира јавно и со изјава пред камерите за случајот и покрај тоа што како судија за извршување на санкции му дал неколку пати прекин на издржување на казната на Спасов од медицински причини.

Екс специјалецот имал различни болести и беше 14 месеци надвор од затвор. Андонов не можеше да одговори како болен човек може да избега и само кратко ни кажа дека последниот пат дежурна судијка со вештачење му го продолжила прекинот на казната.

Денеска преку соопштение од судот известуваат што сториле откако дознале дека Спасов го нема во Идризово, но нема одговор зошто еден месец претходно не регирале.

Сега судскиот совет најави дека ќе истражува дали има одговорност за судиите.  Спасов на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа во 2011-та го нападна Мартин Нешковски, по што момчето загина, а Спасов беше осуден на 14 години затвор. Додека беше во затвор беше фотографиран како се ракува со премиерот Заев кој беше во посета на Идризово.

извор: telma.com.mk

Коронавирус