понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Еден ден траеше зборот: Заев во Скопје се колнеше во ветинг на судии, во Куманово се предомисли-не било време за тоа

Еден ден траеше зборот: Заев во Скопје се колнеше во ветинг на судии, во Куманово се предомисли-не било време за тоа

„Навистина не е момент за ветинг, заради тоа што ветингот ја отсликува состојбата на наша пријателска Албанија, којашто беше навистина во поразлични состојби од нашето правосудство. Но, секако не е сјајна работата во правосудството“.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во Куманово.

Еуфоричното предизборно најавување на ветингот во правосудството од страна на премиерот траеше само 24 часа.

Во неделата пред своите приврзаници се колнеше во ветинг и истиот жестоко го најавуваше. Во понеделникот, „пу-пу не важи“!

-Ние почнавме процес на прочистување на правосудството и не треба да користиме поимот ветинг, ако е ветинг сега треба да се подредиме позади Албанија, па да чекаме да поминеме, навистина немаме потреба. Но, за да можат да работата сите чесни судии и обвинители мора се направи прочистување на оние малкумина нечесни, со индиции сериозни за навлезеност во незаконски постапувања, ненавремени постапувања, држење предмети во фиока, поништување на предмети и враќање на почеток, застарување на предмети и сето тоа коешто претставува проблематика, со зборови на нашиот народ кажано. Очекувам дека самите институции согласно сегашната регулатива, а тоа е Законот за судски совет и Законот за судовите и Законот за антикорупција го дава, ќе си постапат по самите закони. При самото такво постапување ќе го направат прочистувањето, изјави Заев од Куманово.

Само еден ден му траеше зборот, ветувањето го држеше само 24 часа. За ветингот кој жестоко го најавуваше, премиерот вели дека не било време.