понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

ДЗР: Специјалните обвинители незаконски си поделиле 4,6 милиони евра

ДЗР: Специјалните обвинители незаконски си поделиле 4,6 милиони евра

Речиси 4,6 милиони евра се исплатени на вработени во поранешното Специјалното јавно обвинителство во период од четири години без за тоа да има било каква законска основа, утврдил Државниот завод за ревизија.

Во извештајот се наведува дека исплатите биле означени како класифицирани од првиот човек на СЈО, Катица Јанева.

-Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во соопштението на Државниот завод за ревизија.

Забелешки за извештајот во јули дала Јанева, но тие не се прифатени од ревизорите. Во писмото што го испратила во јули, тврди дека надоместоците биле нормални со оглед на тежината на работата и во рамки на законот.

Според ДЗР, исплатената сума е за повеќе од двојно поголема од збирот на основните плати на сите обвинители, стручни соработници и истражители во СЈО. Ревизорскиот извештај е објавен и во него ДЗР ги сумира сите исплати на вработените во СЈО, но тој извештај и преглед не е објавен поради доверливост.

Одлуката за договори за тајност која е доживотна обврска на сите кои имале пристап и ги преслушувале таканаречените бомби е доверлив документ и досега поради распуштањето на СЈО не е декласифициран. Поради тоа и ревизорските пресметки не се објавуваат јавно иако постои законаска можност да се тргне тајната од овие документи.

ДЗР за платите нема никаква забелешка, но забележале дека законските додатоци за доверливост, ризик и посебни услови за работа наместо 35 проценти од плата биле унифицирани за сите обвинители и тие месечно за ризикот добивале по 70 илјади денари плус на основната плата.

Најголемата забелешка на ДЗР е за тајните надоместоци за тајност односно 4,6 милиони евра исплатени на оние кои имале пристап и ги прислушувале таканаречените бомби, материјали поради кои беше формирано СЈО. Тие пари се разделени во сива зона, оценува ревизорскиот завод.

Коронавирус