понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 137
home Вести

Џипот што го вози Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата

Џипот што го вози Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата

Според бројот на регистарските таблички, џипот е во сопственост на фирмата „Г.Б.Ц Системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видео опрема. Нејзин единствен газда, според Централниот регистар, е Игор Христов, кого Драги Рашковски го ангажирал како хонорарец за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат на Владата. Тој е и меѓу осомничените за набавката на софтверот.

Еден месец и една недела откако објавивме дека Драги Рашковски купил софтвер од 81 илјади евра за автоматско казнување сообраќајни прекршоци, кој полицијата не го побарала и не го користи, екс генералниот секретар на Владата заврши во куќен притвор, пишува 360 степени.

Два дена претходно си даде оставка од последната функција – секретар во кабинетот на премиерот Зоран Заев. На оставката стоеше датумот на кој „360 степени“ објави дека Рашковски вози луксузен џип, кој не фигурира во неговиот анкетен лист.

Рашковски сега е и формално осомничен дека спровел тендер за софтвер, со услови нагодени да одговараат на карактеристиките на патент што лично тој го регистрирал. Во последната изјава за „360 степени“, Рашковски тврдеше дека набавката е оправдана.

Повеќе на 360 степени.

Коронавирус