вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Вести

Џеват Адеми: Законот за јазиците е еден од столбовите на политичката коалиција

Џеват Адеми: Законот за јазиците е еден од столбовите на политичката коалиција

Зборувајќи за усвојување на законот за јазиците, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија рече дека меѓу двата субјекти од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ нема дилема околу донесувањето на Законот за службена употреба на албанскиот јазик .

-Нема простор да има било какви промени макар биле тие и козметички. Парламентарното мнозинство ќе го изгласа во третото читање законот исто како што беше изгласано во првото и второто читање. Овој закон е еден од столбовите на оваа политичка коалиција, рече Адеми.