Европратеникот Ангел Џамбазки, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија.
Џамбазки пишува дека треба да се побара споменикот да и се даде на Бугарија и да се постави во Благоевград.
– Одлична вест за бугарската каузаа во Македонија. Андон Ќосето е еден од видните дејци на ВМРО, заслужен бугарски национален револузионер, докажан бугарски воин. Поставувањето на тој споменик беше провокација врз бугарската историја. Неговото рушење е дел од исполнувањето на договорот со Бугарија, напиша Џамбазки на наеговиот фејсбук профил.
Џамбазки дополнително пишува:
– Туку што Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да го земеме споменикот и да го поставиме во Благоевград. Затоа што Ќосето таму починал во 1953 година, стои во Фејсбук статусот на Џамбазки.
Како што тврди Џамбазки, рушењето на споменикот на Ќосето е дел од договорот со Бугарија кој Заев го потпиша со Бугарија, а со кој Република Македонија се јавува како оштетена страна во однос на Република Бугарија, која триумфира со договорот.