сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Џафери закажа седница во 17 часот за имунитетот на Груевски

Џафери закажа седница во 17 часот за имунитетот на Груевски

Претседателот на Собранието Талат Џафери за попладне во 17 часот закажа пленарна седница на која пратенциите треба да се изјаснат за препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води СЈО.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Комисијата денеска со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски.

На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус