сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Претседавачот на Собранието Талат Џафери денеска им дал насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

Според Џафери, тоа што утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.

-Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница, изјави Џафери за ТВ 24.

За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот. (МИА)

Коронавирус