петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Џафери во посета на Италија

Џафери во посета на Италија
МИА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета на Рим, на покана на претседателот на Домот на пратеници на Италијанската Република, Роберто Фико.

Посетата се остварува по повод потпишувањето на Протоколот за парламентарна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Домот на пратеници на Италијанската Република, кој беше инициран од претседателот на италијанскиот парламент за време на неговата посета на земјава минатиот месец, соопшти кабинетот на Џафери.

Со Протоколот се предвидува зајакната и продлабочена соработка меѓу двата парламента, на ниво на претседатели, пратеници, пратенички групи за соработка, комисии, генерални секретари и служби на двата парламента. Преку алатките на парламентарната дипломатија, Протоколот ќе овозможи размена на искуства од парламентарната практика, изготвување позиции на меѓународни парламентарни форуми за прашања од фундаментално значење и за прашања од европската интеграција на Република Северна Македонија.

За време на посетата, покрај средбата со претседателот на Домот на пратеници, Џафери ќе се сретне и со претседателката на Сенатот на Италијанската Република, Мaриа Елизабета Казелати.

Коронавирус