недела, 24. септември 2023. Вести денес: 25
home Вести

Џафери од ЕКО Герила: Државата не се справува добро со загадувањето

Џафери од ЕКО Герила: Државата не се справува добро со загадувањето

Аријанит Џафери од ЕКО Герила на денешната дебата за загадувањето упати критики кон владата, затоа што според него, државата не прави доволно за спречување на загадувањето.

-Слушнавме дека се преземаат мерки, но само кои мерки се преземаат. Оваа држава не се справува добро со загадувањето. Не знам дали треба да зборуваме за загадувањето што го прави РЕК Битола. Луѓе блиски со власта градат хидроелектрани. Металургијата е еден од најголемите загадувачи во Македонија. Југохром произведуваше 30 тони прашина, рече Џафери.