сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 65
home Вести

Џафери на конференција на спикери на парламенти во Варшава

Џафери на конференција на спикери на парламенти во Варшава

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на третиот Самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа и на прославата на 550-годишнината од Полскиот парламентаризам, што ќе се одржи во Варшава, Република Полска.

На конференцијата, како што е најавено, Џафери ќе има обраќање на тема „Парламентите  во меѓународната политика“,  а ќе оствари и неколку билатерални средби.