петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 172
home Вести

Џафери кон Дескоска: Собранието работи по Деловник, а не по диктат!

Џафери кон Дескоска: Собранието работи по Деловник, а не по диктат!

По изјавата на министерката за правда Рената Дескоска, дека доколку се постигне согласност за законот за СЈО, во најскоро време истиот ќе се гласа во Собранието, со реакција возврати Талат Џафери кој вели дека Собранието работи според Деловник, а не по диктат.

-Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, кој и да е тој, напиша Талат Џафери на Фејсбук.

Претседателот на Собранието  Џафери и на вчерашната средба со новинарите беше категоричен и рече дека нема да закаже седница дури и да се договорат власта и опозицијата околу Законот за Јавно обвинителство, зошто не сака да биде искористена за водење предзиборна кампања.

Коронавирус