вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Џафери ќе се поднови со 4 нови лимузини

Џафери ќе се поднови со 4 нови лимузини

Собранието на Република Македонија ќе набави 4 нови лимузини. Според официјалната страница на системот за Јавни набавки објавен е оглас во кој под назив на договорениот орган стои Собрание на Република Македонија и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на моторни возила со проценета вредност од 3,5 милиони денари или нешто околу 60 илјади евра.

 

Неодамна Собранието се поднови со две нови возила, поточно две лимузини седан, марка FORD Mondeo Trend, за кои плати 50.000 евра.