среда, 12. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Џафери ќе го „крои“ законот за ЈО во Собрание, а Спасовски ќе крои лозје во Тиквешијата

Спасовски откао ќе го закрои лозјето на Јанчев, ќе се врати во Скопје за да се обиде да го скрои и разрешувањето на Мизрахи за кое ќе му треба 61 пратеник. Експерите велат дека зад сето кроење, сепак, стои ножицата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 
Џафери ќе го „крои“ законот за ЈО во Собрание, а Спасовски ќе крои лозје во Тиквешијата

Денеска во 11 часотТалат Џафери ќе ја води собраниската седница за предлог-измените во законот за јавното обвинителство. Оливер Спасовски, пак,  откако ќе го закрои лозјето на Митко Јанчев, ќе се врати во Скопје за да се обиде да го скрои и разрешувањето на Мизрахи за кое ќе му треба 61 пратеник.

Експерите велат дека зад сето кроење, сепак, стои ножицата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа рече дека нема услови да се продолжи седницата затоа што за збор во расправата се јавиле над 30 пратеници. Тој ги повика лидерите на партиите да се договорат на лидерска средба за да обезбедат мнозинство.

Два дена претходно, законите поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

За законот за ЈО потребно е двотретинско мнозинство.

Во недела во 12.00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.

Теничкиот премиер Оливер Спасовски, иницијаторот на разрешување на минстерката Рашела Мизрахи, за која седницата во Собрание е закажана за 15 ачсот, заедно со вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион и ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“.

Ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

 

Коронавирус