понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Џафери: Иванов е обврзан да го потпише законот

Џафери: Иванов е обврзан да го потпише законот

Талат Џафери останува на ставот дека претседателот Иванов имал 7 дена да се произнесе по законот за употреба на јазиците кој е изгласан во парламентот.

И покрај тоа што според некои уставни експерти таков рок не постои, за спикерот рокот истекува денес.

-Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време. Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто, изјави Талат Џафери.

Дали Џафери само со негов потпис ќе го испрати законот до службен весник останува непознато, но тоа и може да се очекува имајќи го во предвид и ставот на лидерот на ДУИ Ахмети кој веќе кажа дека со или без потписот на претседателот на државата законот ќе стапел на сила.

Тоа што засега е извесно е дека по стапувањето на сила, како и да биде тоа, истиот ќе биде испратен на кај Венецијанската на оценка.

Инаку,  Венецијанската комисија е тело на Советот на Европа кое претежно дава мислење за закони на земјите членки на ЕУ. Нејзините одлуки немаат обврзувачки карактер односно се советодавни.

Пред неколку години токму оваа комисија одлучуваше за сличен закон на овој нашиот. Имено комисијата го разгледувала украинскиот закон за употреба на јазиците со кој се регулирала и употребата на рускиот јазик кој го говорат 30 проценти од граѓаните во таа земја. Комисијата сугерирала дека украинскиот јазик е тој што го поврзува општеството и поради неговата функција требал да се заштити и унапреди.

Коронавирус