четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Џафери го назначи, тој и ќе го разреши: Во 16 часот Заев и официјално паѓа!

Џафери го назначи, тој и ќе го разреши: Во 16 часот Заев и официјално паѓа!

Спикерот Талат Џафери за 16:00 часот ја закажа седницата на која треба да биде формирана техничката влада.

Пратениците имаат рок најдоцна до полноќ да ја изгласаат новата Влада. Ова, фактички означува и дефинитивно „паѓање“ на Зоран Заев од позицијата премиер, точно по 2 години и 7 месеци дејствување како прв човек на Владата.

Токму Џафери беше избран на 27 април 2017-та година, на според многумина неуставната седница на која се прекрши Деловникот на Законодавниот дом и Уставот на државата. Џафери беше избран со 59 пратеници, на денот кога, сега владејачките партии, го искреираа 27. април, кој подоцна нивните пи-ар стартези го нарекоа „крвав четврток“, за да на 1. јуни 2017-та Заев стартува со премиерската позиција. Сега, токму Џафери ќе има и честа да го разреши.

Од СДСМ предложени се Оливер Спасовски за технички премиер, Славјанка Петровска за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Санела Шкријељ дополнителен заменик во труд и социјала.

Од редовите на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи, потоа Рашела Мизрахи за технички министер во труд и социјала, Гордана Димитриовска во финансии, Цветан Трипуновски во земјоделство и Невенка Стаменковска технички министер за информатичко општество и администрација.

Коронавирус