вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 23
home Вести

Џафери: Делата се тие што се помнат, позитивната енергија е таа што ти дава волја а Енвер го поседуваше и рефлектираше сето тоа

Џафери: Делата се тие што се помнат, позитивната енергија е таа што ти дава волја а Енвер го поседуваше и рефлектираше сето тоа

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изразува искрено жалење и сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи, татко, сопруг, колега, советник, заменик градоначалник на Скопје, стопанственик и конзул.

-Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам длабоко сочувство за заминувањето од овој свет на мојот драг пријател Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, почитуван деловен човек, почесен конзул на Мексико, хуманист и подржувач на луѓето во потреба. Животот е дар завиткан со бројни слоеви на декоративна хартија. Секое одвиткување на следниот слој, носи најнеочекувани изненадувања. Понекогаш се радосни, охрабрувачки, мотивираат и поттикнуваат да се оди напред, меѓутоа, понекогаш се толку тажни, трогателни и толку непредвидливи што те оставаат без збор и без сила да чекориш понатака. Но, луѓе како почитуваниот Енвер Малиќи се луѓе кои те учат како треба да го сакаш, цениш и споделиш секој скапоцен миг со блиските, соработниците, со пријателите, познаниците и странците, едноставно, само со подавање на раката на поддршка. Делата се тие што се помнат, позитивната енергија е таа што ти дава волја а Енвер го поседуваше и рефлектираше сето тоа. Загубата е голема за семејството, за пријателите, соработниците и сите оние што ги допре во животот добротворното дело на истакнатиот хуманист. Почивај во мир ценет пријателе на човештвото, стои во телеграмата со сочувство.

Коронавирус