петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Џафери бил избран со 60 а не со 61 глас? Коцевски во судница сведочи дека Ахмети, Маноиловски и пратениците на БЕСА не гласале

Џафери бил избран со 60 а не со 61 глас? Коцевски во судница сведочи дека Ахмети, Маноиловски и пратениците на БЕСА не гласале

На денешното рочиште за собраниските настани од 27 април минатата година сведочеше Сашко Коцевски, вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем.

Како прв сведок, Коцески под заклетва сведочеше за моментот на изгласување на сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.  Тој во мометот како вработен во техничките служби се наоѓал во собраниската режија и со колегите ги следеле камерите во пленарната сала.

За време на гласањето со колегите заклучиле дека Али Ахмети и Бранко Маноиловски од ДУИ не биле во салата во моментот на гласање. Исто така според сведокот, пратениците на БЕСА претходно излегле од салата.

Со ова сведоштво дадено под заклетва пред судот, повторно се отвора прашањето за легитимноста на изборот и за тоа со колку гласови бил избран Талат Џафери: Дали бил избран со 60 а не со 61 глас, ако се земе во предвид дека според ова сведоштво во салата гласале 49 пратеници на СДСМ, 8 на ДУИ и 3 пратеници од Алијанса на Албанците.

Најнови вести

Коронавирус