недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Двојно зголемено нивото на Вардар и тројно на Треска

Двојно зголемено нивото на Вардар и тројно на Треска

Двојно е зголемен водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид и Велес, а речеиси тројно на реката Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун, покажуваат најновите хидролошки мерења.

Зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек има кај сите останати реки во државата, а најмалку кај Крива Река и Брегалница.

Кај езерата нема драстични промени во однос на мартовскиот просек.

Од вчера требаше и институциите надлежни во делот на превенција и справување со поплави да спроведат активности согласно заклучоците од последната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Коронавирус