петок, 18. септември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Двојно намалување на водостојот на реката Струмица кај Ново Село

Двојно намалување на водостојот на реката Струмица кај Ново Село

Двојно намалување на водостојот во однос на вчерашното мерење, денеска е забележано на реката Струмица кај Ново Село и сега е во рамките на просекот за август. Од Управа за хидрометеоролошки работи очекуваат водостојот и натаму да се намалува.

Кај другите реки, денеска не е забележана голема разлика во однос на вчерашната состојба, освен на Бабуна кај Богомила, каде е забележано намалување во однос на вчера.

Речиси кај сите реки водостојот е поголем во однос на просекот за август. Од Управа за хидрометеоролошки работи не очекуваат да има промени во следните денови.

Водостојот на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро е во рамки на просекот. Таква ќе биде состојбата и во следите денови. (МИА)

Коронавирус