петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Двојни стандарди- на Вардар се руши, на Матка абер нема

Двојни стандарди- на Вардар се руши, на Матка абер нема

Екипите на градежното претпријатие Бетон почна со рушење на бетонските столбови во реката Вардар на кои требаше да биде поставено панорамското тркало, ама власта се уште не реагира за незаконската платформа во кањонот Матка.

Имено оваа платформа се појави уште во февруари и надлежните институции си играат пинг-понг за отстранување на оваа дивоградба и истата наместо да ја снема расте и и се надградува.

Кањонот Матка е прогласен за споменик на природата и е заштитено подрачје од трета категорија, ама тоа ниту Општина Сарај, ниту Град Скопје, ниту Државниот инспектор за урбанизам, ниту министерството за транспорт и врски не реагираат.

За тоа и покрај осудата на јавноста нема испратено механизација и екипи какви што пратија во случајот со столбовите во Вардар.

Пред повеќе од два месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека доколку општината Сарај не ја урне, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам. Кога ова јавноста ќе го дочека останува да видиме.

Коронавирус