сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Двојни аршини на Заев: Директорот на истражниот затвор не се разрешува заради изборите, а директор во МНАВ “лета” од Управен одбор

Двојни аршини на Заев: Директорот на истражниот затвор не се разрешува заради изборите, а директор во МНАВ “лета” од Управен одбор

Правилата и законите за постапки во предизборен период важат само во случај ако и одговара на власта. Според Изборниот законик по распишување на избори не смее да се прават назначувања, именувања, како и разрешувања.

Така по инцидентот во Истражниот затвор Скопје кога беа претепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, директорот на затворот Ѓоко Котевски поднесе оставка. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски рече дека за оставката на директорот ќе се дебатира по претседателските избори.

-Оставката на директорот на Истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирана до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори. Управата за санкции го процесира тој извештај. Оставката е чин на морална одговорност и не гледам проблем дека е сега поднесена, рече Бошњаковски.

Но, кога некој очигледно и смета на власта тогаш се заборава Изборниот законик, на кој владините претставници во случајот со оставката на Котевски. Деновиве е сменет Климент Чепуњоски, односно разрешен од извршен директор на сектор техника и член на управен одбор на Македонска навигација, М-НАВ. Ова е формално поминато има и документ од владата потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски.

Претседателот на управниот одбор на М-НАВ или Македонска навигација и раководител на секторот на контрола на летање е Николче Тасески, зет за сестра на Рената Дескоска.

-Сите шефови во секторот каде се врши мониторинг за сите летови до сега самите си даваат оставки. Најверојатно поради репресии од Тасески, велат упатени.

Дополнително тие укажуваат дека ингеренции на секторот од каде е разрешен Чепуњоски се клучни за безбедноста на летовите.

-Тој сектор е надлежен за радари кои ги следат авионите над македонското небо, потоа телекомуникациите и енергетиката се под овој сектор. Во принцип сектор техника во М-НАВ е основата за функционирање на комплетниот систем, вели нашиот извор.

Најнови вести

Коронавирус