среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Вести

Двојни аршини: Боки 13 во болница, а Јанакиески лежи во затвор со нарушено здравје

Двојни аршини: Боки 13 во болница, а Јанакиески лежи во затвор со нарушено здравје

Двојните аршини на власта стануваат се поочигледни. Денес на клиника е пренесен Бојан Јованоски, за јавноста познат како Боки 13. Беше пренесен поради испитувања кои според лекарите биле потребни по извршен оперативен зафат. Јовановски е во притвор веќе две недели, осомничен во случајот „Рекет„, односно за перење пари заедно со Зоран Милески – Кичеец.

А, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески неколку пати беше носен до болница и враќан иако беше утврдено дека треба да се направи хируршка интервенција на срце. Но врз него не се направи посочената хируршка интервенција и беше вратен во притвор кој истиот ден му го продолжија за нови 30 дена. Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот.

По ова денес се докажуваат двојните аршини на власта, иако на Миле Јанакиески е нарушено здравјето и има проблеми со срцето не му дозволуваат да му се изврши хируршка интервенција, а за осомничениот Бојан Јовановски важат други правила.

Најнови вести