сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Движењето за Илирида има предлог за името

Движењето за Илирида има предлог за името

Движењето за Илирида, политичко движење сега веќе малку познато во Македонија излезе со предлог за новото име на Македонија, објави албанската новинска агенција ИНА.

-Бараме од релевантните меѓународни фактори, кои имаат мандат од ООН за да го решат спорот за преименување на името Р. Македонија. Новото име да рефлектира со реалната територијална компактност: Балканска Федеративна Република, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Според овој предлог, со овој план ќе има две федерални единици: Република Македонија и Република Илирида.

-Со овој чин на преименување ќе се избалансираат двата составни етнитети на оваа нова држава, ќе се изгаснат внатрешните поларизации и конечно да започне посакуваниот економски развој за цела земја, со нормален животен стандард за достоинствен живот. Веруваме дека овој предлог ќе биде поддржан од сите граѓани на на Република Македонија. Еднаш за секогаш да се стабилизира Балканот, од хегемониските аспирации, велат од Движењето за Илирида.

Коронавирус