петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Движењето Беса на Касами ги доставува уставните амандмани до Собранието

Движењето Беса на Касами ги доставува уставните амандмани до Собранието

Движењето Беса на Касам денеска ги поднесе во Собранието уставните амандмани кои ќе се дискутираат истовремено со уставните амандмани во врска со Договорот од Преспа. Предложените амандмани се следните:

– Во Преамбулата да се врати предлогот кој беше усвоен од страна на потписниците на Рамковниот договор од 2001 година, со кој Македонија се дефинира како рамноправна држава на сите нејзини граѓани.

– На цела територија на Македонија и во меѓународните односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.

– Македонија се грижи за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Република Македонија, а не посебно само за македонското население, а другите етнички групи дефинирани како другите граѓани.

– За да не се дозволи претседателот на државата да ги блокира законите донесени по втор пат во Собранието, овозможувајќи да по второто гласање и непотпишување од страна на претседателот на Републиката во пропишан временски рок, донесениот закон да се објави само со потпис на претседателот на Собранието.