среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Движењето БЕСА: Изјавата на родителот на ранетото момче во Тетово, нов скандал за тетовското обвинителство и МВР

Движењето БЕСА: Изјавата на родителот на ранетото момче во Тетово, нов скандал за тетовското обвинителство и МВР

Движењето БЕСА е длабока загриженост ја следи целата ситуација создадена за време на семејна прослава во Тетово, каде наводно пратеникот на ДУИ, пукал и ранил едно лице. Изјавата на пратеникот на ДУИ во која вели дека тој не бил опафетен, излегува дека е невистинита и многу голема лага.

„Родителот на ранетото лице, денес самиот изјави такво нешто, велејќи дека тој бил сведок на целиот настан, кога пратеникот на ДУИ пукал во таа семејна прослава и сериозно го ранил неговиот син. Загрижувачко е прикривањето на случајот од страна на полицијата и обвинителството во Тетово, каде тие отворено го бранат пратеникот на ДУИ и сакаат да го премолчат овој настан. Правдата во земјата има многу недостатоци, со обвинители кои се под влијание, партизирана МВР која се контролира од партиите на власт. Ова сериозно му штети на функционирањето на правната држава и континуираните напори за ослободување на правниот систем од канџите на владејачките партии “, реагира Движењето БЕСА.